Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Слободен викенд за младинските фудбалски категории кои играат во првенството
Слободен викенд за младинските фудбалски категории кои играат во првенството

Слободен викенд за младинските фудбалски категории кои играат во првенството

Последното 11 коло од есенскиот дел во првенството на младинските фудбалски категории ќе се одигра следната недела. Така овој викенд ќе биде слободен за Вардаровите генерации кои се натпреваруваат во лигата. Одморов добро ќе им дојде, ако се има предвид дека изминативе денови се одиграа реванш натпреварите од 1/4 на националниот куп. Единствено помладите пионери испаднаа во оваа елиминациска фаза од купот, останатите наши генерации успешно продолжуваат понатаму.Противник во поседното есенско коло ќе ни биде екипата на Милано. Пом. пионери и пионери се домаќини, додека кадетите и младинците ќе гостуваат во Куманово.

Вака изгледа табелата на првите четири пласирани екипи во секоја категорија.

Помлади пинери 10 коло

1. ВАРДАР 28

2. Шкендија 24

3. Работнички 24

4. Шкупи  21

Пионери 10 коло

1. Шкупи  23

2. Шкендија  23

3. Вардар  22

4. Металург 15

Кадети 10 коло

1. Металург 24

2. Работнички  21

3. Вардар  21

4. А. Пандев  20

Младинци 10 коло

1. Шкеднија 22

2. А. Пандев 22

3. Вардар  20

4. Работнички 20