Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардарки заминаа во освојување на следната мисија, тоа е Ѓер од Унгарија
Вардарки заминаа во освојување на следната мисија, тоа е Ѓер од Унгарија

Вардарки заминаа во освојување на следната мисија, тоа е Ѓер од Унгарија

Женскиот ракометен шампион, екипата на Вардар на пладне “полета“ за Унгарија, каде утре го игра натпреварот во рамките на петтото коло од лигата на Шампиони. Од Виена со автобус ќе тргнат за Ѓер, каде вечерва ќе го одржат својот прв тренинг во пресрет на овој дуел.

Натпреварот ќе се oдигра утре со почеток од 16 и 30 часот, со директен пренос на МРТ-1. Вардарки ќе бараат “одмазда“ откако беа поразени на првиот меч во Скопје, што е нивни единствен неуспех во групната фаза. Тоа е доволна причина црвено-црните да покажат што знаат и да ги повторат игрите од двата меча против Митјиланд.