Утре во градот Охрид по петти пат ќе се одигра таканаречената Вардар лига, која е најнов проект на најголемиот спортски бренд во Македонија. Во Охрид ќе патуваат фудбалските генерации на Вардар, родени “2002“ , “2003“, и “2004“ година. Нивните натпревари во детската лига се одложени поради зафатеност на терените на ФФМ, каде треба да се одигра квалификацискиот дуел помеѓу Македонија и Франција до 21 година. Останатите ќе го одиграат седмото коло во детската лига.
Така овие генерации и овој викенд ќе бидат активни, но во Вардар лигата. Истите ќе имаат можност да одиграат натпревари со екипата на Еврофудбал од Охрид. Во прв план е другарството меѓу децата и откривање на талентирани момчиња за фудбал, кои подоцна би се приклучиле на фудбалскиот клуб Вардар. Се надеваме дека оваа лига ќе прерасне во голема традиција и ќе биде од големо значење за Вардар и Македонскиот фудбал.