Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Со формација 6+1, Вардаровата генерација “2006“ се подготвува за следната сезона
Со формација 6+1, Вардаровата генерација “2006“ се подготвува за следната сезона

Со формација 6+1, Вардаровата генерација “2006“ се подготвува за следната сезона

Вредните дечиња на Игор Кралевски, генерација “2006“ продолжуваат со натпревари. Иако заврши сезоната во детската лига, оваа генерација напорно уште од сега се подготвува за следната сезона, каде ќе игра во формација 6+1. За таа цел екипата вчера на академијата одигра пријателски натпревар со екипата на Фамос. Конечниот резултат на овој меч гласеше убедливи 17:1, во корист на младите Вардарци. Можност со повеќе играчи на теренот да се покаже во вистинско издание и да се види квалитетот на екипата.

Давид Голубов постигна беше најдобар стрелец со 5 постигнати голови. Максим Цониќ и Михаил Танчев постигнаа хет-трик, додека два гола беа дело на Марко Николовски и Стефан Колоски. Еднаш во листата на стрелци се запишаа Драган Јанкоски и Дамјан Крстевски.

Вардаровата генерација “2006“ оваа сезона ќе ја паметиме сите, по освоените први места на четири последователни турнири и едно второ. Како препородени ја одиграа целата сезона. Секако успесите на овие дечиња се препишуваат и на тренерот Кралевски. Цела сезона во детската лига ја завршија со само два порази, од кои едниот беше “несреќен. Остануваат и настапите во “Вардар Јуниор“ лигата, по што ќе следи одмор за момците на тренерот Кралевски.