Saturday ,11 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > (ВИДЕО) Пионерите со пораз ги завршија настапите на турнирот на “пријателство“ во Бијелина
(ВИДЕО) Пионерите со пораз ги завршија настапите на турнирот на “пријателство“ во Бијелина

(ВИДЕО) Пионерите со пораз ги завршија настапите на турнирот на “пријателство“ во Бијелина

Пионерите на фудбалскиот клуб Вардар доживеа пораз на последниот натпревар од групата, на турнирот на пријателство во Бијелина. Нашите млади надежи беа поразени од екипата на Сараево, со конечен резултат од 0:2.

Црвено-црните ја имаа првата најголема прилика за погодок, откако брзиот Саит Битиќи и побегна на противничката одбрана упати удар, кој заврши во стативата на противничкиот гол. Нашиот состав беше поактивен во овој дел од натпреварот, нова можност имаше и Јакип Бериша, но неговиот удар немаше сила за посериозно да се закани голот на Сараево. Противникот прв успева да поведе, откако од прекин беше нафрлена топка во нашиот шеснаесетник, одбраната не реагираше, што му овозможи на еден од противничките играчи без бранет од никого со глава да ја погодои нашата мрежа. Повторно немавме среќа, Бериша ја погоди пречката од голот на Сараево и резултатот остана непроменет.

Истиов играч во вториот дел имаше уште една голема прилика да го израмни резултатот, но како победник излезе противничкиот голман кој го брани неговиот удар. Казната стигна на спротивната страна, Сараево постигна нов гол за водство од 0:2, што беше и конечен на овој меч. Со овој дуел ги завршивме настапите на турниорт во Бијелина, со еден освоен бод од вкупно три одиграни натпревари.

Неможеме да бидеме разочарани од нашите момци, кои прикажаа допадлив и офанзивен фудбал на сите три натпревари. Заморот од напорната сезона можеби си го направи своето, па не бевме во можност да ги покажеме сите квалитети. Следува заслужен одмор за оваа генерација, која ја освои двојната круна во Македонија.