Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Црвено-црна доминација, ЖРК Вардар стигна до четвртата последователна титула
Црвено-црна доминација, ЖРК Вардар стигна до четвртата последователна титула

Црвено-црна доминација, ЖРК Вардар стигна до четвртата последователна титула

Нова четврта последователна титула за екипата на ЖРК Вардар во домашното првенство. Денес во малата сала на спортскиот центар Јане Сандански нашите девојки го одиграа последниот натпревар во супер лигата за оваа натпреварувачка сезона. Како и што се очекуваше ја совладавме екипата на Металург.

Натпреварот со погодок го отвори Сања Дамњановиќ, додека во првите пет минута двате единствени гола за Металург беа дело на пикерот Николиќ. Во овој стартен период вардарки имаа предност од 4:2. Како течеше мечот постојано ја зголемувавме предноста во наша корист, во 14 минута од дуелот имавме водство од 11:4. Најактивни во првиот дел беа Човиќ и Черноиваненко, кои беа и најдобри стрелци. Суслина го започна мечот на голот и имаше 4 успешни интервенции до 20 минута. Набргу црвено-црните стигнаа и до двоцифрена предност. Резултатот во 25 минута гласеше 20:10, со шестиот погодок на Андреа Човиќ. До полувреме се одржуваше оваа разлика и на одмор се замина со резултат 23:12.

Вториот дел започна со гол на Човиќ, кој беше нејзин седми на натпреварот. Петковска застанува на голот и веднаш ја бележи првата интервенција што и овозоможи на Черноиваненко во контра-напад да се израмни со бројо на погодоци со Човиќ и да зголеми 27:15. Во следните пет минути гледаме серија на гостинската екипа од четири последователни гола, за намалување на негативата на 27:19. Нова одбрана на Петковска, веќе трета, а Дамњановиќ од пенал ја враќа двоцифрената предност. Во следните осум минути се играше гол за гол, со што нашиот шампион ја одржува оваа разлика од десет погодоци (32:22). Мало опуштање во нашиот состав, што им овозоможува на Металург да намалат на пет голови со серија од 0:5. Свои минути имаат голманите на двете страни, Петковска стигна до 6 одбрана, додека во екипата на Металург Серафимова ја забележа 12 одбрана. Конечниот резултат гласеше 34:28.

Со осум победи од исто толку одиграни мечеви го освоивме првото место во супер лигата. Веднаш до нас е тимот на ЖРК Вардар Јуниор, за кој ова е исто така голем успех.