Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Со сите сили кон голот на Јовановски!

Со сите сили кон голот на Јовановски!

Нема дилема, утре ФК Вардар ќе тргне на ”се или ништо” против тетовска Шкендија. Нема никакви калкулации, Седлоски треба да изведе што е можно по офанзивен тим, кој ќе знае да креира шанси за гол, и ќе го напаѓа голот на Марко Јовановски. На Шкендија им дадовме три гола пред некој месец во Куманово, па зашто да не им дадеме и сега…

DSC01044По паузата поради картони во тимот се враќа Фелипе. Се очекува и Ацо Стојков да го започне натпреварот, на местото на Цезар Ромеро, кој нема да биде во тимот и на овој натпревар.