Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Историја > Историја! Сократ Мојсов еден од најдобрите вардарови играчи од шеесеттите години на минатиот век
Историја! Сократ Мојсов еден од најдобрите вардарови играчи од шеесеттите години на минатиот век

Историја! Сократ Мојсов еден од најдобрите вардарови играчи од шеесеттите години на минатиот век

СОКРАТ МОЈСОВ- Препознатлив по головите кои ги постигнуваше со глава и неговата способност да погоди од невозможни позиции, Сократ Мојсов несомнено е еден од најдобрите вардарови играчи од шеесеттите години на минатиот век. Роден е на 1 март 1942 година во населеното место Сетина во егејскиот дел на Македонија.

sokrat

Во дресот на Вардар настапува цели 12 сезони во периодот од 1959 до 1971 година. За скопските „црвено-црни“ има одиграно вкупно 362 натпревари (213 првенствени) и постигнато 166 погодоци (67 на лигашките средби) заземајќи место меѓу десетте најдобри стрелци во историјата на клубот. Сократ Мојсов исто така беше дел и од генерацијата која во сезоната 1960/1961 го освои трофејот на Маршал Тито во националниот куп на СФР Југославија. По завршувањето на кариерата како активен играч Мојсов беше тренер на младите вардарови фудбалери кои под негово водство во 1975 година станаа југословенски шампиони во младинска категорија. Исто така беше дел од стручниот штаб како прв асистент и во сезоната 1983/1984, кога младинците на Вардар триумфираа во финалето од младинскиот куп.