Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Одбраната на Европската титула, РК Вардар ќе ја започне на гостински терен против Висла Плок
Одбраната на Европската титула, РК Вардар ќе ја започне на гостински терен против Висла Плок

Одбраната на Европската титула, РК Вардар ќе ја започне на гостински терен против Висла Плок

Новата сезона во ракометната лига на шампиони за Европскиот шампион, екипата на РК Вардар ќе стартува на гостински терен во дуел со екипата на Висла Плок. Со овој противник ќе ја започнеме и завршиме најсилната група А. Веќе е одреден распоредот на одигрување натпревари за црвено-црните и патот по кој ќе чекорат избраниците на Раул Гонзалес, во првата фаза од натпреарувањето. Првиот натпревар го играме во периодот од 13-17-ти септември, а ЕХФ дополнително ќе го одреди точниот термин на одигрување на сите натпревари во лигата на шампионите. Ова е целиот распоред на одигрување мечеви за Европскиот шампион.

1 коло: Висла Плок – Вардар  13-17.09.2017

2 коло: Вардар – Нант  20-24.09

3 коло: Вардар – ППД Загреб  27.09-01.10

4 коло: Пик Сегед – Вардар  04-08.10

5 коло: Вардар – Барселона 11-15.10

6 коло: Кристијанштад – Вардар  01-05.11

7 коло: ППД Загреб – Вардар  08-12.11

8 коло: Вардар – Рајн Некар  15-19.11

9 коло: Рајн Некар – Вардар  22-26.11

10 коло: Вардар- Кристијанштад  29.11-03.12

11 коло: Барселона – Вардар 07-11.02.2018

12 коло: Вардар – Пик Сегед  14-18.02

13 коло: Нант – Вардар  21-25.02

14 коло: Вардар – Висла Плок  28.02-04.03