Најдобриот играч и напаѓач на Малме, Маркус Розенберг би можел да се врати на теренот, за реванш натпреварот против Вардар, кој на 18-ти јули ќе се одигра во Струмица. Поранешниот репрезентативец на Шведска и играч на неколку екипи како Ајакс, Расин до Сантандер, Халмштад, Вердер и ВБА се повреди на први јули, на дуелот меѓу Малме и Ескилстуна и на стартот од мечот во десеттата минута излезе од игра. Последните најави од клубот велат, дека Маркус одлично ги поминал последните тестови и веќе ќе започне да тренира со екипата. Дали ќе настапи во вторник против Вардар, конечната одлука ќе ја има тренерот на тимот, Магнус Пехрсон.
Ова е лоша вест за нашиот фудбалски шампион, бидејќи Розенберг е лидер и капитен на екипата. Тој е фантастичен и искусен стрелец, кој ги тресеше мрежите во четири исклучително тешки лиги и во најсилните клубски натпреварувања. Се надеваме дека нема да биде доволно подготен за дуелот во вторник.