Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Познати сите противници на РК Вардар, на светското клупско првенство, “Супер Глоуб“ во Доха
Познати сите противници на РК Вардар, на светското клупско првенство, “Супер Глоуб“ во Доха

Познати сите противници на РК Вардар, на светското клупско првенство, “Супер Глоуб“ во Доха

Од 25-28-ми август, Доха ќе биде домаќин на неофицијалното светско клупско пренство “Супер Глоуб„, на кое ќе настапи и актуелниот Европски шампион, екипата на РК Вардар. Светската ракометна федерација го објави конечниот список на сите учесници, кои ќе се борат за трофејот од ова натпреварување. Своето учесто го откажаа шампионот на Азија и Африка, а на нивно место ќе настапат, првакот на Тунис и Иран. Вајлд-картата беше доделена на екипа од Европа и тоа за тимот на Барселона, кој го освои четвртото место на завршниот турнир во Келн, додека приматот, светски шампион го брани, тимот на Фуксе Берлин од Германија.

Ова се сите учесници на неофицијалното светско ракометно првенство во Доха.

Вардар, европски шампион
Фуксе Берлин, бранител на титула
Есперанца Тунис, второ место во Африканската Лига на шампиони
Нафт Газ, второ место во Азиската Лига на шампиони
Сиднеј Универзитет, победник во Лига на шампиони во Океанија
Пињеирос, победник во Пан Американскиот Куп на шампиони
Барселона, вајлд карта
Ал Сад, домаќин