Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Солидна полусезона за кадетите на ФК Вардар, трето место и борба за висок пласман
Солидна полусезона за кадетите на ФК Вардар, трето место и борба за висок пласман

Солидна полусезона за кадетите на ФК Вардар, трето место и борба за висок пласман

Кадетите на ФК Вардар одиграа солидно во есенскиот дел, завршувајќи на 3.место на табелата со 21 освоен бод. Избраниците на Борче Христов на 11 одиграни натпревари имаа скор од 7 победи и 4 порази. Постигнавме 21 гол, додека примивме 17. Одлично ја стартувавме сезоната со три последователни натпревари, додека есенскиот дел го завршивме со пораз на гостувањето кај екипата на Брегалница.

Сите постигнати резултати на кадетите, во есенскиот дел од сезоната во лигата:

1 коло: Вардар – Кул  4:2

2 коло: Милано – Вардар  1:4

3 коло: Вардар – Шкендија  3:0

4 коло: Работнички – Вардар  5:0

5 коло: Вардар – Охрид  3:1

6 коло: Вардар – Македонија Ѓ.П  0:2

7 коло: Шкупи – Вардар  2:1

8 коло: Вардар – Академија Пандев  1:0

9 коло: Пелистер – Вардар  0:3

10 коло: Вардар – Победа  1:0

11 коло: Брегалница – Вардар  4:1

Кадетите на пролет ќе ги продолжат настапите во Купот, со оглед дека ја поминаа 1/8 финалната пречка. Нашите надежи на единствениот натпревар кој се одигра во Прилеп, беа подобри со резултат 0:3 од екипата на Победа.