Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ФК Вардар: Карти на влезот во стадионот “Младост“ со покажување л.карта, гостински навивачи нема да има
ФК Вардар: Карти на влезот  во стадионот “Младост“ со покажување л.карта, гостински навивачи нема да има

ФК Вардар: Карти на влезот во стадионот “Младост“ со покажување л.карта, гостински навивачи нема да има

Фудбалскиот клуб Вардар излезе со соопштение за неделниот меч од првото коло во најсилната македонска фудбалска конкуренција против градскиот ривал ФК Слога. Дуелот се игра во Струмица на стадионот “Младост“ со почеток во 20-00 часот , под рефлектори. Во известувањето од црвено-црниот фудбалски колектив кое ви го носиме во целост во продолжение се вели следново:

Неделниот натпревар од првото коло од фудбалскиот шампионат помеѓу Вардар Скопје и Шкупи Скопје кој ќе се игра во недела на стадионот „Младост“ во Струмица, е прогласен за меч од висок ризик.

Во исто време до нашиот клуб стигна известување дека во моментов се одвиваат градежни работи на стадионот „Младост“, по што ќе биде во функција само една трибина (јужната), и поради тоа нема да биде во можност да прими две навивачки групи, односно ќе нема гостински навивачи. Затоа апелираме фановите на екипата на Шкупи нека не тргнуваат во Струмица, во спротивно ќе бидат вратени.

Исто така би сакале да Ве известиме дека билети за натпреварот ќе можат да се набават на стадионот во Струмица, а при секое купување ќе мора да биде приложен и документ за лична идентификација.