Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Започнува ”Скопје Куп”
Започнува ”Скопје Куп”

Започнува ”Скопје Куп”

Денеска и официјално ќе започне ”Скопје Куп” 2016. Toj вчера беше свечено отворен со големото дефиле на плоштадот “Македонија“ на сите тимови учесници. Годинава на овој силен турнир ќе земат учество 700 млади фудбалски надежи, меѓу кои и преставници на црвено-црната фудбалска академија. Вардаровите генерации ”2002” и ”2000” денеска ќе ги имаат своите воведни мечеви на овој турнир. Најпрвин, од 09 часот, на теренот на ФФМ, генерацијата ”2002”  предводена од Петар Ѓорѓиевски силите ќе ги одмери со тимот на Буба Мара од Хрватска.

Генерецијата ”2000” предводена од Сашо Тодоровски на првиот меч од овој турнир ќе се сретне со тимот на Септември (Бугарија). Овој натпревар треба да биде одигран во 18 часот и 15 минути исто така на теренот на ФФМ. Се надеваме на успешно отварање на нашите момчиња.