Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Соопштение на “Комити запад“ по повод претстојниот натпревар со Динамо Загреб
Соопштение на “Комити запад“ по повод претстојниот натпревар со Динамо Загреб

Соопштение на “Комити запад“ по повод претстојниот натпревар со Динамо Загреб

По повод претстојниот натпревар во второто квалификациско коло од лигата на шампиони, помеѓу екипите на Вардар и Динамо Загреб, со соопштение излезе и навивачката група Комити Запад. Првиот дуел е закажан за 12-ти јули на арената Филип втори, со почеток од 20:45 часот. Навивачката група Комити се изјасни и за членските карти за новата сезона. Ви го пренесуваме во целост нивното соопштение

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРЕСТОЈНИОТ НАТПРЕВАР ПОМЕЃУ ФК ВАРДАР СКОПЈЕ – ФК ДИНАМО ЗАГРЕБ

Навивачката група “Комити Запад” Ве известува дека билетите за западната трибина ќе почнат да се продаваат од Понеделник (04.07.2016) од 10:00 до 18:00 ч. на билетарата на Градскиот стадион. Исто така во продажба ќе бидат пуштени и членски карти за престојната 2016-2017 по цена од 300,00 денари. Со купена членска карта ќе се добива попуст на билетите за натпреварите на ФК и РК Вардар.
За натпреварот со Динамо Загреб билетот ќе чини 100,00 денари без членска карта и 50,00 денари со членска карта !
Собирот на групата е во 18:30 ч. на “Фонтана”, а влегувањето на стадион најдоцна до 20:00 ч. кога според официјален протокол за европски натпревар сите врати на стадионот ќе бидат затворени. Членовите и останатите кои ќе бидат дел од Комити да ги почитуваат инструкциите за да не дојде до непријатни и несакани ситуации.

Со почит.
КОМИТИ ЗАПАД