Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Познат распоредот и термините на одигрување мечеви за ЖРК Вардар во групната фаза од ЛШ
Познат распоредот и термините на одигрување мечеви за ЖРК Вардар во групната фаза од ЛШ

Познат распоредот и термините на одигрување мечеви за ЖРК Вардар во групната фаза од ЛШ

Нашиот женски ракометен шампион четврта година по ред ќе се натпреварува во лигата на шампионите. Вардарки веќе ги дознаа своите противници во групната фаза. Астраханочка, ФТЦ Будимпешта и победникот од квалификациската група 2 се екипите со кои ЖРК Вардар ќе се натпреварува во групата. Сезоната ќе ја отвориме на домашен терен, против тимот на ФТЦ Будимпешта.

Вака изгледа распоредот и термините на одигрување мечеви за црвено-црните во првата фаза од лигата на шампионите:

14-16.10 Вардар – ФТЦ Будимпешта
21-23.10 квалификант – Вардар
28-30.10 Астраханочка – Вардар
04-06.11 Вардар – Астраханочка
11-13.11 ФТЦ Будимпешта – Вардар
18-20.11 Вардар – квалификант