Фудбалскиот клуб Вардар ви соопштува неколку информации поврзани со денешниот натпревар од 1/8 финалето од Купот на Македонија со Шкендија.
Натпреварот е прогласен за меч од висок ризик, и од тука нема да биде дозволено присуство на гостински симпатизери.
За овој меч ќе бидат отворени само јужната и западната трибина, додека источната ќе биде затворена, а на северната ќе присуствуваат само службените лица.
Билети ќе се купуваат на билетарницата на Националната Арена, и за секој купен билет, ќе мора да биде приложен документ за идентификација.
ФК Вардар уште еднаш апелира на сите кои ќе дојдат на стадионот за фер и коректно навивање, без извици на национализам и расизам, и без фрлања на предмети на теренот. Дајте му поддршка на нашиот тим да стигне до добар резултат од ова дерби, и да ја продолжи победничката серија и во Купот.