Вардаровиот стручен штаб ги одреди првите 11 играчи кои што денеска ќе го започнат првенствениот натпревар против Работнички, во рамките од 12. коло од ПМФЛ. Ова е заостанат дуел од ПМФЛ и се игра во 13-00 часот на арената “Филип Втори“ во Скопје.
На голот на Вардар ќе биде Филип Гачевски. На десната бековска позиција оди Висар Муслиу, на стоперските позиции Дарко Велковски и Евгениј Новак, а лев бек ќе биде Бесир Демири. Во средниот ред Вања Марковиќ со Филип Стојчевски и со Хуан Фелипе. Во нападот на Вардар ќе бидат Бобан Николов и Тигран Барсегјан на крилните позиции, како „поддршка“ за напаѓачот Максим Максимов