Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Стефанија Ѓорѓиевска: Голема чест и задоволство беше што бев избрана за најдобро лево крило, покрај толку многу добри играчи на турнирот
Стефанија Ѓорѓиевска: Голема чест и задоволство беше што бев избрана за најдобро лево крило, покрај толку многу добри играчи на турнирот

Стефанија Ѓорѓиевска: Голема чест и задоволство беше што бев избрана за најдобро лево крило, покрај толку многу добри играчи на турнирот

Во периодот од 8-10 декември, кадетките на ракометниот клуб Вардар беа дел од меѓународен турнир во Хрватска, “Метковиќ 2017“, на кој ги одмерија силите со екипи кои беа две години повозрасни од Вардарки. Оддигравме вкупно шест натпревари на целокупниот турнир, на кои забележавме три победи и три порази. Со оглед на возраста на противниците ова беше голем успех за црвено-црните. По одигрување на финалните натпревари беа доделувани и поединечни награди, односно се бираше најдобриот тим на турнирот. Признанието за најдобро лево крило заврши во рацете на играчот на Вардар, се работи за Стефанија Ѓорѓиевска, која исто така беше и еден од најдобрите стрелци во екипата на турнирот во Метковиќ. Таа за нашиот сајт ги сподели впечатоците од турнирот, како и од добиената награда.

-Турнирот беше многу добро организиран и се се одвиваше во најдобар ред. Игравме со две години постари и поснажни противници, но сепак успеавме да се пласираме во полуфиналето и да го освоиме третото место. Голема чест и задоволство беше што бев избрана за најдобро лево крило покрај толку многу добри играчи на турнирот. Мислам дека се прикажавме во најдобро светло и достојно ги браневме боите на Вардар на овој турнир. Вакви турнири и се потребни на нашата екипа, а исксутвото од истите е непроценливо и многу значајно за нашиот понатамошен развиток како играчи. 

vardarfans-kadetki

Оваа генерација на РК Вардар се смета за квалитетна и надежна, тие минатата сезона станаа шампиони во пионерската лига, а оваа сезона се натпреваруваат во кадетска и младинска лига.

-Сега за сега, а се надевам и во иднина нашиот тим постигнува одлични резултати. Со напорна работа и труд сигурна сум дека ќе продолжиме да бележиме уште подобри резултати, како на домашната, така и на меѓународната сцена.

Звонко Ивановски