Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар со овој состав ќе истрча на стадионот во Тетово во ревашот од 1/2-фин. во Купот

Вардар со овој состав ќе истрча на стадионот во Тетово во ревашот од 1/2-фин. во Купот

Денес во 16-00 на Градскиот стадион во градот Тетово ќе се одигра реванш натпреварот од полуфиналето во Купот на Република Македонија во фудбал. Во истиот тетовска Шкендија ќе биде домаќин на екипата на нашиот црвено-црн фудбалски колкетив, ФК Вардар. Тетовчани влегуваат со предност од првиот меч, овој натпревар може да го проследите во живо низ видео стрим-тука. За овој реванш натпревар кормиларот на Вардар шефот на стручниот штаб на Вардар, Гоце Седлоски се одлучи за следниве старни 11 играчи:

На голот  Филип Гачевски, во одбраната ќе бидат Владица Брдаровски, Бобан Грнчаров, Евгениј Новак и Бесир Демири. Во средниот ред Никола Глигоров, Дарко Велковски и Хуан Фелипе, и во нападот Дејан Блажевски, Џамбул Џигаури и Тигран Барсегјан.

Резерви се следните играчи:   Игор Алексовски, Горан Попов, Стефан Спировски, Дамир Којашевиќ, Бојан Колевски, Бобан Николов и Џонатан Боарето.