Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардарци на прес најавија атак на Ф-4 и триумф уште в гости кај Флензбург

Вардарци на прес најавија атак на Ф-4 и триумф уште в гости кај Флензбург

Во прес – конференциската сала во СЦ „Јане Сандански” , денес се одржа прес-конференцијата пред првиот натпревар од 1/4-финалната фаза од  ЕХФ Лига на шампионите помеѓу  германски Флензбург и нашиот ракометен клуб Вардар.  На истата изјави за медиумите дадоа Едуард Кокшаров – спортски директор, тренерот  Раул Гонзалес, голманот  Арпад Штербик и капитенот Стојанче Стоилов.
На прес-конференцијата свое мислење изкажа и г-н Самсоненко Сергеј кој предупреди на можни немили сценарија и предупреди доколку тоа се случи дека ќе се повлече од проектот. Неговите зборови на пресот може да ги прочитате тука.              

Раул Гонзалеc> Треба да играме повторно четврт-финале во ЛШ. Ние сме спремни, иако Игор Карачиќ цела недела не тренираше бидејќи беше болен и незнаеме дали ќе игра во Германија, но сите други тренираа 100 отсто. Ако сакаме да успееме не треба да го чекаме дуелот во Скопје туку треба и таму да бидеме добри. Ние треба да се обидеме да победиме таму, иако тие имаат добра одбрана и напад. Треба да играме како на Ф4 во СЕХА лигата. Очекувам дека ќе биде тешко но имам доверба. Сакам да играме на Ф4, но треба да знаеме дека треба да го искористиме натпреварот таму.

Едуард Кокшаров >Екипата на Флензбург е добра и се бори за првак на Германија и има добри резултати зад себе. Нас не очекуваат два тешки натпревари, нема да ни биде лесно. Ако гледаме што беше направено досега, ние заслуживме да го добиеме резултатот што ни треба. Кога дознавме дека ќе играме со Флензбург, моите ракометни пријатели ми велеа дека нема да ни биде лесно. Јас имам желба овие два дена кога ќе играме со Флензбург, главен да биде ракометот, а не некои други игри.

Арпад Штербик>Тука сме онаму каде што сакавме и каде ни е местото. Со Флензбург ќе се бориме да стигнеме до тој Ф-4 во Келн. Имаме еден противник што многу го почитувам, последниве сезони ја освојуваа и ЛШ и во Гермнаија нешто значат. Мислам дека имаме екипа, и ако ги гледаме резултатите преку сезоната треба да ја бараме шансата, а таа шанса е добра да го минеме Флензбург. Нема да биде лесно, но уверен сум во екипата, во публиката и во цела Македонија. Тој еден чекор напред го заслужува и Вардар и македонскиот народ кои со години е со нас и го чекаат овој резултат.

Стојанче Стоилов>Веќе четврта година по ред сме на оваа позиција. трипати претходно не успеавме да се пласираме на тој долго очекуван Ф4. Годинава бевме први во групата, ја освоивме СЕХА лигата, ја имавме најдобрата сезона. Мислам дека си должиме на самите себе, на клубот на навивачите да се пласираме на тој Ф4. Се надевам на позитивен резултат, и потоа со полна сала да го израдуваме клубот и градот.