Вардарци ќе го одиграат и вториот контролен натпревар во Анталија, против второлигашот Вил од Швајцарија. На првиот пријателски меч, оставривме победа против тимот на Волфсбергер од Австрија. Денес нова можност за избраниците на Седлоски да се покажат во ново одлично издание, иако пред себе ќе имаме квалитетен противник во чиј состав има неколку искусни играчи.
За денешниот натпревар Седлоски се реши за следните 11-сетмина: Гачевски, Грозданоски, Мијушковиќ, Новак , Љамчевски, Глигоров, Фелипе, Асани, Стојков, Ќеран и Нимани.
На клупата за резерви се: Трајчевски, Хамбарџумјан, Таневски, Личина, Попов, Николов, Спировски, Којашевиќ, Блажевски и Ивановски.