Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Со Вардар тренира и Матеј Николов
Со Вардар тренира и Матеј Николов

Со Вардар тренира и Матеј Николов

Матеј Николов се појави на вчерашниот тренинг на ФК Вардар и ќе потпише договор со клубот. Се работи за играч кој во минатото има настапувано за младите категории на Вардар.

Роден е во Штип на 26-ти јануари 2001 година. Игра на позицијата лев бек и има одлични технички и физички предиспозиции.  Во својата кариера има настапувано за екипата на Златибор Чајетина од Србија, како и за екипите на Македонија ЃП и Брегалница.

Николов има и настапи за нашата млада фудбалска репрезентација. Ќе биде петтото летно засилување за вардарци.