Фудбалскиот клуб Вардар, денес означи старт на подготовките за новата натпреварувачка сезона. Под водство на Бобан Грнчаров, црвено-црните го имаа првиот собир на стадионот Борис Трајковски во населбата Маџари.
На првиот тренинг беа присутни новите засилувања, како и играчите кои беа дел од екипата во минатата сезона, вклучувајќи и играчи од младинската школа на клубот. Познато е дека Един Нурединоски ќе биде помошник на Грнчаров, додека тренер на голманите е Игор Тасевски.
До заминувањето на екипата во Охрид, играчите ќе тренираат два пати дневно додека првиот подготвителен натпревар е закажан за 16.ти јули против екипата на Локомотива од Скопје.