Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Мартин Спировски: Се надевам дека ке ја продолжиме серијата од победи и во заостанатото коло против Шкендија
Мартин Спировски: Се надевам дека ке ја продолжиме серијата од победи и во заостанатото коло против Шкендија

Мартин Спировски: Се надевам дека ке ја продолжиме серијата од победи и во заостанатото коло против Шкендија

Втора првенствена победа за кадетите на ФК Вардар, откако во рамките на 3.коло на домашен терен ја победија екипата на Ренова (2:1). Гледавме цврст натпревар, на кој гостинот од Тетово даде цврст отпор, но сепак Вардар беше подобриот тим и на крајот успеа заслужено да слави. Головите вредни три бода беа дело на Марин Спировски и Леонид Игнатов. Спировски влегува во голгетерска форма, откако на последните два меча, од кои еден во купот постигна вкупно седум голови. Во изјава за нашиот сајт играчот за офанзива ги сподели впечатоците од победата против Ренова.

-Имавме целосна контрола на натпреварот иако запишавме минимална победа. И покрај тоа што имаше жестоки дуели на теренот со концентрацијата и одговорноста на сите наши играчи успеавме да го надиграме противникот и да постигнеме два погодоци.

vardarfans-naslovna

Во среда се игра заостанатото коло против екипата на Шкендија, дерби на кое гостуваме во Тетово. Спировски се надева на нова победа на својот тим.

-Се надевам дека ке ја продолжиме серијата од победи и во заостанатото коло против Шкендија во среда. Морам да кажам дека сум среќен поради тоа што брзо се вклопив во тренажниот процес по неколкуте повреди последниве неколку месеци и тоа што постигнав шест голови во купот и еден во првенството.

Звонко Ивановски