Од денеска во продажба се пуштаат билетите за првиот домашен натпревар на Вардар во лигата на шампионите, против Кристијанштад. Дуелот е закажан за 22 септември во СЦ „Јане Сандански” со почеток од 17:30 часот.
Во продажба се пуштени поединечни билети за трибините и А блоковите. Имателите на сезонски билети истите ќе може да ги искористат за сите натпревари во лигата на шампионите и во СЕХА лигата, и домашното првенство.
Цената на поединечните билети за дуелот со Кристијанштад се:
350 денари за местата на трибина
400 денари за А блоковите
Билетите може да се купат на билетарницата на Сц „Јане Сандански” секој работен ден од 10 до 18 часот, и он лајн на www.ticketplus.mk