На вчерашниот меч во Скадар помеѓу домашната албанска селекција и Македонската А-репрезентација во почетниот состав свое место доби вардаровиот играч Стефан Спировски. Тој ја доби довербата од селекторот Игор Ангеловски да биде во првите 11 кои ќе играат овој дуел. Мечот како што е веќе познато поради невреме беше прекинат во 75 минута од натпреварот. Според пропозициите на европската куќа на фудбалот истиот доби нов термин, денес во 14-00 часот на истиот стадион ќе се одиграат преостанатите 15 минути од дуелот. Играчот на ФК Вардар Спировски ќе биде дел од нашиот состав и во оваа “втора епизода“.
Мечот почна лошо за црвено-жолтите домашната селекција на Албанија поведе со 1-0 со голот на Армандо Садику. По наше невнимание тој прими топка на гради, потоа убаво се намести и со десната нога по земја шутираше неодбранливо за чуварот на македонската мрежа Дино Захов. Во вториот дел рано во 51 минута ние успеавме да ја вратиме резултатската симетрија на семафорот на стадионот во Скадар. По кардинална грешка на албанската одбрана, Алиоски доби подарок кој знаеше да го искористи го совлада домашниот голман Бериша за резултат 1-1. Овој резулат беше на сила се до 75 минута кога турскиот судија Гочек реши поради обилните врнежи и неповолните временски услови на стадионот „Лоро Боричи“ да го прекине овој дуел. Можно е според албанските медиуми овој дуел од квалификациите за Светското првенство домаќините да го продолжат со 10 играчи бидејќи имаат повреден играч, а веќе се искористени сите три измени во составот на албанската фудбалска сениорска селекција.