Friday ,06 June 2025
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Викторија Димитриевска: “Јуниор лигата“ како проект ни овозможи заедно со мојот клуб да напреднеме тимски, во новата сезона очекувам успеси со Вардар

Викторија Димитриевска: “Јуниор лигата“ како проект ни овозможи заедно со мојот клуб да напреднеме тимски, во новата сезона очекувам успеси со Вардар

Најновиот проект на ракометниот клуб Вардар “Јуниор“ лигата успешно се реализира и изведува. Најголемиот спортски бренд во Македонија, успеа да дојде до идеја за обединување на сите деца од различни возрасни генерации кај кои постои желбата да играат ракомет и во иднина да продолжат да се занимаваат со овој спорт. Повеќе од 20 ракометни школи низ целава држава, земаа учество во овој проект на РК Вардар, кој се покажа како многу успешен уште во првата година на постоењето. Оваа лига уште во првата година се покажа како голем чекор за некои играчи, кои беа препознаени како квалитетни и прекомандувани во младинските категории на ракометниот клуб Вардар. Таков е случајот со Викторија Димитриевска која изминатата сезона беше дел од “Јуниор“ лигата настапувајќи за РК Кастратовиќ.

-Со ракомет започнав уште пред четри години во школата на Рк Кастратовиќ. Јуниор лигата како проект ми овозможи да се воиграм и заедно со мојот клуб да напреднеме тимски. Благодарение на нашиот тренер Здравка Дамовска стигнавме до второто место за кое лично сум задоволна но секој пат може подобро. Во младинските категории на Вардар се најдов случајно после селекцијата која беше одржана во С.Р.Ц. Кале и финалето на “јуниор“ лигата и бев изненадена затоа што не очекував да бидам избрана.

vardarfans dimitrievska

Во новата сезона, Викторија ќе биде дел од пионерките на ракометниот клуб Вардар.

-Тоа што сум во младинските состави за мене претставува “врата“ повеќе за успех и можност за поголемо напреднување. Тренинзи имаме секојдневно во салата Јане Сандански каде што сите заедно се трудиме што подобро да одиграме и научиме за подобри успеси годинава. Лично очекувам дека оваа година ќе бидеме многу успешни на натпреварите што следат, изјави Викторија Димитриевска за нашиот сајт.

Звонко Ивановски