Фудбалскиот клуб Вардар на утрешната ждребка во Нион ќе добие еден од 17-те можни противници кои се наоѓаат во т.н “привилигираната група“. Тоа се тимови кои се далеку поквалитетни според имињата и лигите од кои доаѓаат. Како што се шампионите на Шкодска, Хрватска, Србија, Кипар, Полска, Белорусија, итн. Станува збор за следниве противници :
- Салцбург (Австрија),
- Селтик (Шкотска),
- АПОЕЛ (Кипар)
- БАТЕ Борисов (Белорусија),
- Легија Варшава (Полска),
- Динамо Загреб (Хрватска),
- Лудогорец (Бугарија)
- Копенхаген (Данска)
- Карабах (Азербејџан),
- Розенборг (Норвешка),
- Црвена Звезда (Србија),
- Астана (Казахстан) освен овие противници можно е да ни се паднат и следните тимови кој може да кажеме дека се далеку полесни противници иако се носители во оваа ждребка за второто коло во Лигата на Шампионите. Тоа се :
- Динамо Тбилиси (Грузија),
- Шериф Тираспол (Молдавија),
- Хафнарфјордур (Исланд),
- Тренчин (Словачка) и
- ТНС (Велс) кој игра квалификации во прво коло.