Денес на теренот во “Јане Сандански“ првенствен дуел одиграаа кадетите на фудбалскиот клуб Вардар во кој беа домаќини на ФК Брегалница Штип. Црвено-црните однесоа победа во овој дуел и ја продолжија низата на непобедливост оваа сезона. Тренерот на оваа генерација Влатко Колев се одлучи да стартува со следните играчи: Тимевски, Серафимов, Насковски, Менкиновски, Стојчевски, Петрески, Кировски, Малевски, Петревски, Трајчевски и Милевски. Вардар однесе голема и висока победа со резулат 9-1. Интересно е да се обележи дека денес во кадетскиот состав на Колев забележа деби настап новиот играч Малески Петар кој го почна мечот во првата постава.
Почнавме офанзивно имавме неколку прилики за гол сепак не успеавма истите да ги претвориме во погодок. Гостите тоа го казнија со гол за 0-1. Гостинскиот играч Анчевски со удар од дистанца погоди за 0-1 во 9 минута. Овој “ладен туш“ ги освести црвено-црните кој веднаш тргнаа по изедначување, кое за две минути потоа дојде. Менкиновски Дамјан во 11 минута со удар од дистанца погодува за 1-1. Веднаш потоа целосно нападнавме сакајќи да поведеме првпат денес. Се играше 18 минута кога денес одличниот капитен Трајчевски Александар погодува за прво вардарово водство од 2-1. Истиот играч потоа се обидува од 20 метри, но топката минува крај голот на гостинскиот голман. Следеа неколку напади кој играчите на штипјани ги исфрлаа во корна од кои бевме опасни. По изведување на првата за малку е краток со глава беше Никола Серафимов. Во другата непогодува Милевски Андреј, сепак по третата дојде и погодок. Голот за 3-1 го постигна гостинскиот играч Коцев тој по изведената трета корна по ред си постигна автогол. Повторно следува период во кој на теренот најзабележителен е Трајчевски Александар, тој влегува во соло продор, но гостинскиот Мики Ѓоргиевски исфрла во корна. Веднаш потоа Трајчевски од корна шутира дирекно во голот, сепак гостинскиот голман боксува со крајни напори. Нашата офанзива продолжува во продолжение одиме по четврти гол. Милевски забележа шанса кој се обиде од дистанца , но беше блокиран. Во последната минута изведовме слободен удар од позиција на скратен корнер одличниот центаршут со глава Серафимов го претвора во гол. Тоа беше погодок за 4-1 резулат со кој се замина на одмор.
Втор дел почна со прилика на Трајчевски Александар кој беше во прилика да постигне гол , но не беше доволно присебен. Ние сме во постојана офанзива , нова прилика имаме преку Стоименов Дејан чиј шут беше блокиран во последен момент и не гостигнавме нов гол. Потоа се обиде Петревски Стефан кој шутна од 16-17 метра, топката мина неколку сантиметри крај дирекот. Конечно нашата офанзива беше наградена со гол, корна од десна страна Петревски изведе одлично со глава одлично стрела Серафимов Никола за 5-1. Следната шанса карамбол крај голот, најуспешен во сета таа ситуација беше капитенот Трајчевски Александар кој погодува за 6-1. Напаѓавме во продолжение убава прилика имаше Скендерски Андреј , кој од 20 метра шутира крај левиот директ. Стоименов Дејан беше во продолжение во соло продор , умешно се ослободи од чуварите и го совлада гостинскиот голман Ѓоргиевски за 7-1. Покрај високото водство не престануваат нашите напади, штипјани се целосно ореиентирани на дефанзива. Се обидуваат со спорадични контри да го загрозат голот на Тимевски Бојан, но целосно безуспешно. Трајчевски Александар забележува нова прилика, тој е во соло продор за жал голманот беше побрз од него. Во следната акција е асистент до Петревски Стефан кој ја прифати топката на 10 метра , ја поведе и погоди поземја крај немоќниот голман на Брегалница Штип. Серафимов повторно е стрелец денес , тој по изведена корна во псоледната минута погодува за 9-1, што ќе се покаже како конечен резулат.