Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Сител ќе врши директен пренос од градското дерби Вардар- Работнички

Сител ќе врши директен пренос од градското дерби Вардар- Работнички

Градското дерби помеѓу ФК Вардар и екипата на ФК Работнички кое е дуел од петтото коло во првата македонска фудбалска лига ќе може да се проследи низ директен пренос на телевизијата со национална концесија ТВ Сител. Таа од минатото четврто коло се до последното 34.коло со договор со фудбалската федерација ќе го пренесува најинтересниот меч во секое коло. Ова е меч кој ќе го даде лидерот на табелата по ова петто коло. Вардар моментално е прв со 13 бода, а “Романтичарите“ се втори со бод помалку, црвено-црните и со реми би ја задржале првата позиција на табелата во домашната лига.

Image result for сител три лого

Преносот во недела ќе почне во 15 часот и 30 минути за кога е закажан стартот на ова градско дерби и истиот ќе може да се проследи на сателитскиот канал на телевзијата  “Сител три“.