Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Нова убедлива победа за генерација “2005′ на контролен натпревар

Нова убедлива победа за генерација “2005′ на контролен натпревар

Нов контролен натпревар пред почетокот на новата сезона во детската лига за Вардаровата генерација “2005“ и нова победа. Избраниците на Игор Кралевски овој пат за противник ја имаа екипата на Смилковци, која ја поразија убедливо со резултат 15:0. Натпреварот се одигра на Академијата во две полувремиња од 30 минути.

Самиот резултат говори за одразот на силите на двете екипи и супериорноста на нашите млади надежи, кои ја наполнија противничката мрежа.

Посено расположен за игра на овој меч беше Стефан Наумовски кој постигна дури пет гола. Матеј Гаштаров четири пати се запиша во листата, додека хет-трик зад името на Филип Крстиќ. Во листата на стрелци се запишаа уште и Ѓорѓи Дошев со два гола, додека по еден беа дело на Горјан Цветков и Бојан Јаневски.

Пред неколку дена оваа генерација одиграа и пријателски натпревар со своите врсници од Металург, кои ги добија со резултат 8:1. Претстојниов викенд требаше да стартува новата сезона во детската лига, но истата е пролонгирана за наредната недела.