Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалес: Очекувам публиката да ужива, а ние сакаме да победиме и да останеме на првото место

Гонзалес: Очекувам публиката да ужива, а ние сакаме да победиме и да останеме на првото место

Денес екипата на РК Вардар ги продолжува настапите во сеха-лигата, со дуел против екипата на Целје Пивоварна Лашко. Нашиот ракометн шампион се наоѓа во одлична форма и серија на победи, во пресрет на овој натпревар. Противникот е дебитант во ова натпреварување и ќе сака да се докаже што повеќе пред домашната публика. Своите очекувања за овој меч ги дадоа тренерот Гонзалес и Марсениќ.

-Очекувам да играме тежок меч, зашто во Словенија секогаш е тешко да се игра. Целје има добри играчи кои играат одличен ракомет и имаат одлична контра. За мене најопасен играч е Зарабец. Треба да бидеме подготвени за него, зашто знае добро да нападне и да соработува со пивотмен. Кога имаат полуконтра многу се опасни. Треба да се фокусираме околу одбраната. Целје секогаш дава 30-32 гола на натпревар. Очекувам публиката да ужива, а ние сакаме да победиме и да останеме на првото место на табелата, изјави Раул Гонзалес.

Марсениќ истакна дека пред себе ќе имаат силен противник, но потенцира дека Вардар се наоѓа во добра форма и дека очекува победа на гостувањето во Целје.

-Играме против екипа што игра модерен ракомет и ќе има сигурно 60 минути трчање. Тоа е екипа која дава многу голови и што подобро ќе се спремиме за овој меч. Мораме да ги сопреме Зарабец и Јанц, и ако тоа го направиме како треба не би требало да имаме проблеми. Никогаш не сум играл против нив, но со репрезентацјата на Србија сум имам дуели против тие играчи. Тешки се за чување и многу се брзи. Се надевам на три бода. Формата е во подигање. Мечот со Веспрем ни беше пресвртница. Со Загреб покажавме дека нападот е добар, а треба подобро да се спремиме во одбрана, вели Марсениќ.