Monday ,26 September 2022
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Продолжува сеха-лигата за Вардар, следна “пречка“ е екипата на Целје Пивоварна Лашко

Продолжува сеха-лигата за Вардар, следна “пречка“ е екипата на Целје Пивоварна Лашко

Денес со почеток од 18 часот нашиот ракометен шампион ќе го одигра петтиот натревар во сеха-лигата. Противник ќе ни биде екипата на Целје Пивоварна Лашко. Словенците се дебитанти во ова натпреварување и наш противник во најсилната група од лигата на шампиони за оваа натпреварувачка сезона.

Вардарци ќе ја бркаат четвртата последоватална победа во лигата, задачата ќе биде тешка бидејќи пред себе имаат квалитетен противник кој игра пред се добро на домашен терен. Екипата на Целје е речиси истата од минатата сезона со мали промени во играчкиот кадар. Единствен кој замина е пикерот Блаж Благтиншек кој замина во Веспрем, а за истиов играч беше заинтересиран токму Вардар. Неговата замена на оваа позиција е Кристијан Бечири. На тимот се приклучи и бекот Борут Машковчек кој дојде од екипата на Монпелје. Најголема опасност по нашиот гол ќе доаѓаат од крилата  Блаж Јанц и Лука Жвижеј, а тука е и бекот Миха Зарабец.

Целје е повеќекратен шампион на Словенија кој има зад себе и европска титула во лигата на шампиони во 2004 година. До овој дуел, противникот исто така одигра четири натпревари на кои забележа три победи и еден пораз. Ја стартуваа дебитанската сезона со пораз на домашен терен од Веспрем, додека во следниот период следуваа победи во дербито со екипата на Горење, потоа беа совладани Татран Прешов и последниот минимален триумф од Извиѓач на гостински терен.

Вардар отпатува во Словенија без Недановски, Милиќ и Карачиќ. Позитивна вест е враќањето на столбот на одбранта, Илија Абутовиќ кој ги пропушти првите натпревари во сеха-лигата. Црвено-црните се наоѓаат во одлична форма која треба да ја потврдат и на денешното гостување против Целје и да ја продолжат победничката серија. Мечот можете да го проследите со директен пренос на МРТ-1.