Според „Вардар Фанс“, најдобар играч на „црвено – црните“ на зимските подготовки во Анталија е Јован Попзлатанов.
Младиот играч се покажа во најдобро светло на овие зимски подготовки, иако е во Вардар околу еден месец, офанзивниот играч покажа дека ќе биде квалитетно засилување за тимот на Вардар во походот кон одбрана на титулата и освојување на Купот на Македонија.
Јован Попзлатанов во Анталија одигра вкупно 335. минути, за овие 335. минути офанзивниот играч постигна еден погодок, оној против Дукла кој му беше првенец во дресот на Вардар.
Посакуваме оваа форма младиот играч да ја пренесе и во натпреварите од ПМФЛ.