Вардар е единствената екипа која се уште е без пораз во Лигата на Шампионите. Битигхајм е новиот противник кој падна пред налетите на црвено-црните. Само едно полувреме, противникот одржуваше резултатска рамнотежа, за нашиот шампион во вториот дел да го наполни до врв голот на германките. Конечниот резултат гласеше 26:38, а најефикасна во нашите редови беше Андреа Пенезиќ со 8 голови.
Погледнете ги најинтересните моменти од победата на Вардар, која беше вкупно осма оваа сезона.