Денес е последниот натпреварувачки ден на турнирот „Пирин Куп“ кој се одржува во градот Сандански ( Бугарија).
Помладите пионери на ФК Вардар во големото финале беа поразени од екипата на Черно Море со резултат 2:1. Стрелец на единствениот гол за Вардар беше Левент Ибраим.
Тренерот Сашо Тодоровски настапи во следниот состав: Ангелов, Каровски, Милошевски, Љушев (c), Ричков, Хајдари, Здравковски, Стоимов, Попов, Перковски, Ибраим.
На овој турнир генерацијата 2004 на Вардар настапи без свои пет стандардни играчи. Се работи за Тасев, Павлески, Гуџуфи, Јаневски и С.Стојановски. На целокупниот турнир одигравме пет натпревари, на кои остваривме четири победи и еден пораз.