Могамедгаџи Нуров на патот до медалот преку репасажот беше сопрен од Азербејџаневот Нурмагомед Гаџиев кој го совлада со 4-7 во последната препрека до мечот за бронзата на Европското првенство во Рим, Италија.
Нашиот репрезентативец успеа да ја мине првата репасажна борба во категоријата до 97 килограми преку извонреден настап и се избори победа од 7:0 над Турчинот Болукбаши. Тој со „туш“ успеа да победи. Европското првенство Нуров ја заврши како 7.пласиран.