Денеска роденден прославува нашиот играч од Бразил Фелипе Рибеиро. Фелипе ова лето дојде во ФК Вардар, и се покажа како одлично засилување. Досега има запишано 15 натпревари за ФК Вардар, и постигнато три погодоци.
Ние му посакуваме на Фелипе денеска да постигне погодок, и да го прослави роденденот на спектакуларен начин. Среќен роденден!