Во недела со почеток од 12 часот во градот Штип, ракометарите на Вардар 2 ќе го одиграат последното коло од првиот дел на сезоната во рамките на првата ракометна лига. Последна пречка за освојување на првото место ќе биде домашната екипа на Текстилец. Противникот има забележано четири победи и шест порази, додека нашиот црвено-црн состав е неприкосновен во дебитантската сезона во првата лига.
Избраниците на Стојан Петрушевски имаат само еден единствен пораз на гостински терен против моменталниот лидер, тимот на ХЈС Работник. Вкупно девет победи за оваа екипа, која остварува одлични игри и резултати. Печат на добрата и успешна година треба да се заокружи во недела, на гостувањето во Штип. Младите Вардарци според квалитетот и позициите на табелата важат за фаворити, за освојување на трите бодови од овој дуел.