Денеска својот 50-ти роденден го прославува еден од најдобрите македонски фудбалери кој имаше богата домашна, а пред се интернационална кариера Саша Ќириќ. Ќириќ во раните 90-сети години со голема успешност ги бранеше боите на Вардар.
Саша оствари рекорди во црвено – црниот дрес кои и ден денес се несоборени.
“Вардар Фанс” му го честита јубилејниот 50-ти роденден на Ќириќ и му посакува здравје и успех во понатамошниот свој живот.