Вчера, прв собир и започнување со работа имаше најтрофејната и најуспешна Младинско – пионерска школа на ФК Вардар. За координатор на Младинско Пионерската школа е назначен Зоран Бошковски – Чоко. На терените при тренинг Центарот во Хиподром, тренерите Влатко Колев и Петковски Зоран ги „стартуваа“ генерација 2007 и 2009 на ФК Вардар.