Генерацијата на ФК Вардар, родени “2006“ година со победа го стартуваше силниот меѓународен турнир, “Пирин Куп“, кој се игра во Сандански ( Бугарија). Утрово, избраниците на Сашо Јанев ги надиграа врсниците од екипата на ЦСКА Софија, која ја совладаа со резултат од 2:0, со головите на новото засилување на Вардар, се работи за Алтин Алији.
На еден тежок терен за игра поради дождливото време подобро се снајдоа Вардарци, кои покрај двата гола имаа и уште неколку добри шанси, за зголемување на резултатот. Постојана иницијатива во првото полувреме, а Стефан Коловски беше играчот кој во два наврати по соло пробив се најде во прилика да го отвори резултатот, но истиот остана непроменет. За одбележување во овој дел од мечот и приликата на Алији, но на кратка пауза се замина со почетните 0:0.
И во вториот дел доминиравме на теренот и имавме голем дел од играта на теренот. По асистенција на Михаил Танчев, Алтин шутира за малку над голот на ЦСКА. Сепак иницијативата вроди со плод, кога по асистенција на капитенот Сековски, водство на Вардар од 1:0 му носи Алтин Алији. До крајот на мечот, уште еден гол зад неговото име, откако овој пат во улога на асистент се најде Михаил Николов, за поставување на конечните 2:0 на овој премиерен натпревар.
Во текот на денешниот ден ќе одиграме уште еден натпревар, а противник ни е Добростол Силистра.