Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање: Стојановски и Ристевски дел од топ-6 листите во првите три пролетни кола во МКЛ
Куглање: Стојановски и Ристевски дел од  топ-6 листите во првите три пролетни кола во МКЛ

Куглање: Стојановски и Ристевски дел од топ-6 листите во првите три пролетни кола во МКЛ

Веќе зад нас во Македонската кугларска лига оваа втора полусезона, пролетна, се одиграни три кола, поточно комплетирани се 6,7 и 8.коло. По крајот на истите очекувано врвот го држи Макпетрол со максимални 16 бода, втората позиција ја делат нашиот Вардар и тимот на КК ГТЦ Мусандра со идентичен скор од 5 победи, односно со освоени 10 бода.

qw1

По објавување на комплетните резултати од овие кола на страницата на Кугларска федерација на Македонија беа достапни и топ-6 листите на најдобрите поедници за изминатите кола. Интересен факт е што имаме играчи во топ-6 на 6-то и 8-то коло односно колата кога забележавме порази, а пак немаме во 7-мото кога забележавме максимална победа со 8-0 над Империл Тобако ТКС. Влатко Стојановски кој одигра феноменално во дуелот со КК ГТЦ во 6.коло се најде топ-6 изборот, тој го совлада најквалитетниот играч на противникот, Лазе Анастасов. Стојановски имаше 586 соборени “дрва“ што му ја донесе 4та позиција. Коста Ристевски кој почна одлично оваа пролет, во последното 8.коло одигра перфекна партија против Беличански (КК Макпетрол) и поенираше за вардаровиот тим. Со неговиот скор од 585 “чуња“ се најде на второ место на топ-6 листата за тоа коло.