Кадетите на фудбалскиот клуб Вардар пристигнаа во Златибор, каде од утре ги очекуваат натпревари на силниот меѓународен турнир „Куп на Пријателство“.
Вардар се наоѓа во група со екипите на Црвена Ѕвезда и Олимпија, а првиот натпревар го играме во среда (08.06) против екипата на Црвена Ѕвезда. Истиот ќе се пренесува директно на Спорт Клуб 1 со почеток од 13:00 часот.
Во четврток (09.06) на програмата е второто коло, во кое ќе се сретнеме со екипата на Олимпија. Натпреварот ќе можете да го проследите на Спорт Клуб 1 со почеток од 11:00 часот.
На турнирот ќе се натпреваруваат вкупно 12 екипи, поделени во 4 групи. Пласман во 1/4 финалето кое стартува во петок ќе обезбедат екипите кои ќе се пласираат на првите две места во секоја група.
Турнирот започнува денес