Викендов што следи е резервиран за женскиот кадетски завршен, Ф-4 турнир за кој веќе се познати деталите. Истиот ќе се игра во градот Струга, закажан е за во сабота (11.06.2022), домаќин ќе биде салата „Нико Нестор“, односно тимот на ЖРК Стружанка. Покрај домаќинот место на завршницата имаат девојките на Платон и Папуџиева, ЖРК Вардар и тимовите на Шампион и Феникс АМС.
Познат е распоредот по ждребката, во 10-00 и 12-15 часот ќе се одиграат полуфиналињата, дуелот за „бронза“ е закажан за 18-00 часот, а големото финале во кое ќе се добие кадетскиот шампион на Република Македонија кај дамите е закажан за два часа подоцна, односно во 20-00 часот. Вака изгледа распоредот и двојките за завршниот турнир:
-1/2-финале бр1: ВАРДАР-Феникс АМС 10-00 часот
-1/2-финале бр2: Стружанка-Шампион 12-15 часот
-Меч за 3-то место, почеток 18-00 часот
-Финале кадетки, почеток 20-00 часот