Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Денес ќе има суперлигашка ждрепка, ќе се игра во две групи по 8 екипи, Вардар во првиот „шешир“
Денес ќе има  суперлигашка ждрепка, ќе се игра во две групи по 8 екипи, Вардар во првиот „шешир“

Денес ќе има суперлигашка ждрепка, ќе се игра во две групи по 8 екипи, Вардар во првиот „шешир“

Од есен во машката  Супер лигата ќе играат дури 16 екипи, истите ќе бидат поделени во две групи по осум во регуларниот дел од сезоната. За денес, ракометната федерација ја закажа ждрепката за групите.  Истата ќе започне во  14:00 часот, по што ќе биде познат и распоредот на натпреварите.

Според планот за натпреварување, во т.н регуларниот дел сите екипи ќе одиграат по 14 меча (два круга во групата), по крајот на групната фаза најдобрите четири од двете групи одат во плеј-оф, додека  останатите  ќе играат плеј-аут сегментот.Познати се  шеширите, очекувано Вардар и Пелисер се во првиот, истите се правени според пласманот во штотуку завршената сезона.

шешир 1: Вардар, Еурофарм Пелистер
шешир 2: Бутел Скопје, Еурофарм Пелистер 2
шешир 3: Тиквеш, Охрид
шешир 4: Пролет, Прилеп
шешир 5: Струга, Радовиш
шешир 6: Скопје, Алкалоид
шешир 7: Голден Арт, Јуниор КВ
шешир 8: Вардар Неготино, Куманово