Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Познат составот на вардаровите кадети, кои ќе настапат на меѓународниот турнир „Куп на Пријателство“
Познат составот на вардаровите кадети, кои ќе настапат на меѓународниот турнир „Куп на Пријателство“

Познат составот на вардаровите кадети, кои ќе настапат на меѓународниот турнир „Куп на Пријателство“

Кадетите на фудбалскиот клуб Вардар, во периодот од 7-12 јуни ќе настапат на силниот меѓународен турнир „Куп на Пријателство“ кој ќе се игра во Златибор.

Турниров е за играчи родени 2004 година и помлади, но Вардар сигурно дека ќе биде најмладата екипа во Златибор. На списокот се најдоа вкупно 20 играчи, од кои само еден е генерација 2004, додека останатите се играчи родени 2005 и 2006 година.

Составот на Вардар: Андреј Данстак (2006), Никола Филевски (2005), Марко Стојилевски (2005), Симеон Здравковски (2005), Матеј Митревски (2005), Кристијан Таневски (2005), Сандро Каровски (2004), Влатко Кулуковски (2005), Давор Серафимов (2005), Нуман Ајетовиќ (2006), Лука Јакимовски (2005), Зоран Фидановски (2005), Филип Јовановски (2005), Ѓорѓи Дошев (2005), Горјан Цветков (2005), Тино Спасиќ (2005), Дарко Сековски (2006), Алтин Алији (2006), Никола Величковски (2005) и Арбин Курти (2005).

Екипата на Вардар ќе биде предводена од Милан Илиевски-Мичка, човекот кој со младинската екипа го освои Купот на Македонија и стана вицешампион во младинската Супер лига. На турнирот, црвено-црните се наоѓаат во група со екипите на Црвена Ѕвезда и Олимпија.