Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардаровата генер. “2007„ со најмногу победи и најдобра одбрана, најефикасен напад имаше генерацијата “2008„
Вардаровата генер. “2007„ со најмногу победи и најдобра одбрана, најефикасен напад имаше генерацијата “2008„

Вардаровата генер. “2007„ со најмногу победи и најдобра одбрана, најефикасен напад имаше генерацијата “2008„

Пет генерации на фудбалскиот клуб Вардар успешно го финишираа есенскиот дел од сезоната. Претходно направивме преглед на полусезоната за секоја вардарова генерација, а во наредниов текст ќе изнесеме кој беше најдобар според бројот на победи, постигнати голови и кој ја имаше најдобрата одбрана од сите генерации на ФК Вардар кои се дел од ова натпреварување.

Најмногу победи во есенскиот дел оствари генерацијата предводена од “Чунга Лунга„ тоа се момците кои се родени “2007„ година. Тие на 20 одиграни натпревари имаа исто толку победи и со тоа остварија голем успех. Дури три генерации имаа по 16 победи. Тоа се генерациите на Вардар родени “2006„ “2008„ и “2010„ година, додека генерацијата “2009„ оствари вкупно 12 победи ( сите одиграа по 20 натпревари во есенскиот дел).

Најдобриот напад го имаат момците на Миле Крстев, тоа е генерацијата родени “2008„ година кои успеаа да постигнат дури 162 голови. На второто место според бројот на погодоци е генерацијата “2007„ со вкупно 137 голови, додека на третата позиција е генерацијата “2010„ со 113 голови. По идентични 105 постигнати голови имаат генерациите “2006„ и “2009„.

Најдобрата одбрана пак ја поседува генерацијата “2007„ која прими само 23 голови, што ги прави да бидат најдобри во овој сегмент. Само еден гол повеќе прими генерацијата “2006„, додека на третото место е генерацијата “2008„ со 31 примен гол.