Играчот на Вардар, Даинис Кристопанс е прогласен за најдобар ракометар во својата земја. Ова е петто последователно признание за Кристопанс во Летонија.
Летонскиот “џин„ ја игра својата втора сезона во дресот на Вардар. Минатата сезона успеа да постигне 54 голови во Лигата на Шампионите, додека оваа сезона има постигнато 38 погодоци. Кристопанс има важечки договор со Вардар до следната натпреварувачка сезона, а последниов период се поврзува со трансфер во ПСЖ.
Најдобар во својата земја е и голманот на Вардар, Дејан Милосављев.